Во време на економски предизвици и глобални трансформации, Сојузот на економисти на Македонија – институција со повеќедецениска традиција ја зголемува својата активност и повтроно ќе биде отворена.
На денешното Годишно собрание оддржано во просториите на МАНУ, за Претседател на Сојузот беше избран Проф. д-р Борче Треновски, професор на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Тој смета дека повеќе од кога било е потребно да се реафирмира улогата на економистите во унапредување на економската мисла и примената на знаењето во креирањето политики и подобрување на економското окружување во земјата.
Со новата визија, Сојузот ќе ги обедини академиците, истражувачите, професионалците од јавниот и приватниот сектор, како и новата генерација млади економисти.