Вести Временска прогноза

Променливо облачно, посвежо и нестабилно – Временска прогноза за 31.3.2025

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м²).

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9°C, а максимумот од 10 до 17°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

0 Попова Шапка, 2 Лазарополе, 3 Претор, Маврови Анови, Крушево, 4 Радовиш, 5 Пожаране, Тополчани, Берово, Охрид, 6 Битола, Прилеп, 7 Крива Паланка, 8 Тетово, Виница, Куманово, 9 Кавадарци, Штип, Демир Капија, Струмица, 10 Скопје – Петровец, Велес, Ѓевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

40 Гевгелија, 30 Пожар-Радовиш, 26 Струмица, 18 Штип, Демир Капија, 17 Куманово, 16 Пожаране, 15 Крушево, Попова Шапка, 13 Тополчани, 12 Прилеп, Претор, Маврови Анови, 9 Битола, Велес, 8 Скопје-Петровец, 5 Крива Паланка, Кавадарци, 4 Виница, 3 Лазарополе, 2 Берово, Охрид.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената..

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 6.5, Дојранско Езеро 12.6.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе