Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 8°C, а максимумот од 12 до 19°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-1 Попова Шапка, 0 Лазарополе, 3 Берово, 4 Охрид, 5 Пожаране, Крива Паланка, Радовиш, Ѓуриште, Тополчани, 6 Битола, Прилеп, Виница 7 Тетово, Струмица, Демир Капија, 8 Штип, Кавадарци, 9 Велес, Скопје – Петровец, 10 Ѓевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
26 Куманово, 23 Берово, 17 Скопје-Петровец, Виница, 12 Прилеп, 9 Крива Паланка, Штип, 6 Пожаране, 5 Крушево, Ѓуриште, 4 Велес, 3 Битола, Гевгелија, Попова Шапка, Пожар-Радовиш, 2 Тетово, Претор, Демир Капија, Струмица, 1 Охрид, Тополчани.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 6.5, Дојранско Езеро 12.6.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/