Вести Македонија Најважни

Наплаќале иако не биле на обезбедување на патарините- истрага за злоупотреба за Ејуп Рустеми и Џемал Билбилоски за малверзации во тендер од 760 илјади евра

Приведен Ејуп Рустеми- истрага за тендерот за обезебедување патарини вреден 760.000 евра.

Наместо да бидат постојано и да ги обезбедуваат наплатните рампи цел ден како што било предвидено, обезбедувачите доаѓале само отсабајле во прва смена, а агенцијата наплаќала целосно.

Поради тоа првоосомничен е Џемал Билбилоски, сопственикот на агенцијата за обезбедување „2СС“ од Кичево која добила двегодишен тендер, а меѓу опфатените со истрага е и Ејуп Рустеми кој како поранешен директор на ЈП „Државни патишта“, не го контролирал извршувањето на обврските од договорот.

Договорот е потпишан во август 2022-ра на сума од околу 47 милиони денари, односно околу 760.000 евра, но не биле вршени сите обврски, поради што сопственикот Билбилоски е прв на листата осомничени.

„Иако согласно потпишаниот договорот бил должен, не се придржувал кон обврската и за целиот период од договорот вршел само делумно физичко обезбедување, најчесто само во прва смена,  а  на договорниот орган фактурирал услуги како да било вршено 24/7 физичко обезбедување  за целиот период на договорот се до неговото раскинување“, соопштија од обвинителството и МВР.

Оосмничена е и фирмата, а покрај Рустеми и Билбилоски, осомничени се уште тројца раководители во „Државни патишта“, затоа што нанеле штета од големи размери на Јавното претпријатие.

Државните службеници се осомничени за злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправи со кои биле реализирани наплатите, поради што истрагата е соочена со кратки рокови откако по измените на кривичниот законик – казните за функционерите со злоупотреба се намалија и ги скратија истрагите.

Компанијата „2СС“ беше ангажирана како обезбедување во М-НАВ кога 2023 година се случи пресметка во кулата на летање.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвинува дека власта штити виновници за Кочани, Мицкоски негира

Дејан Дејан

Мицкоски: Обвинителството да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Дејан Дејан

Три лица загинаа, над 50 се повредени – пожар во болница во Хамбург

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе