Утрото ќе биде студено, а преку ден променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови на Македонија. Во западните делови претежно од пладневните часови ќе има услови за појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -9 до 1°C, а максимумот од 3 до 8°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-11 Берово, -8 Крива Паланка, Маврови Анови, -7 Попова Шапка, Битола, -6 Крушево, Скопје-Петровец, Штип, Велес, Прилеп, -4 Кавадарци, Виница, Скопје-Зајчев Рид, -3 Охрид, Претор, -2 Гевгелија, Струмица.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
31 Попова Шапка, 13 Маврови Анови.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 4.0, Дојранско Езеро 8.0.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/