Вести Временска прогноза

Продолжува периодот на стабилно и суво време со студени утра – Временска прогноза за 7.2.2025

Утрото студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје студено со услови за појава на слаба магла, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 3°C, а максимумот од 3 до 10°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-7 Берово, -6 Маврови Анови, Крива Паланка, Битола, -5 Тетово, -4 Скопје-Петровец, Попова Шапка, Крушево, Прилеп, Струмица, Штип, -3 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Виница, -2 Охрид, -1 Кавадарци, 0 Велес, 4 Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

30 Попова Шапка, 12 Маврови Анови.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 4.0, Дојранско Езеро 8.0.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе