Спорт Тенис

Сабаленка „преживеа“ против Пављученкова, Бадоса ја шокираше Гоф (ВИДЕО)

Позната е првата полуфинална двојка на женскиот дел од грен слемот Австралија опен. Првата фаворитка Арина Сабаленка ќе се соочи со Паула Бадоса.

Двократната бранителка на трофејот во Мелбурн, Сабаленка играше речиси два часа против Анастасија Пављученкова, но успеа да победи со 6-2, 2-6 и 6-3. Интересно Белорусинката го загуби првиот сет на Австралија опен уште од финалето во 2023 година. Со оваа победа првата светска тенисерка стигна до своето 10-то грен слем полуфинале во кариерата.

Нејзина противничка во четврток ќе биде Паула Бадоса. Шпанката ја изненади третата фаворитка Коко Гоф во два сета со 7-5 и 6-4 и за прв пат во кариерата ќе игра грен слем полуфинале.

Утре на програмата се преостанатите четвртфинални пресметки, Ига Швјонтек против Ема Наваро и Медисон Кијс против Елина Свитолина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе