Вести Македонија Топ вести

Дали нов Тик-токер заврши на КАРИЛ- тинејџер го фатило струен удар откако се качил на вагон – цистерна

Седумнаесетгодишно момче од скопско Волково доживеал струен удар додека бил качен на цистерна – вагон. Но, цистерната се запалила и по здобиените повреди тој е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

  • „Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна- вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар“, се вели со соопштението од МВР.

Зошто момчето било качено на вагонот и како настанал инцидентот ќе покаже истрагата.

Според извори на Телма во моментов момчето е на КАРЛ и се бори за живот. Тоа се здобило со многу тешки изгореници.

Да потсетиме дека во февруари 2023 година на железничката во скопската населба Илинден 14- годишно девојче го загуби животот откако се качи на цистерна и не го преживеа струјниот удар.

Неофицијално, девојчето се качило на цистерната за да снима видео за Тик-Ток.  А само неколку месеци предходно во скопската населба Маџари, на идентичен начин, 17-годишна тинејџерка заврши со тешки изгореници по телото, обидувајќи се да сними Тик-Ток видео.

Смртен случај на железничка во Илинден – Тик-Ток видео кобно за 14-годишно девојче

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубикон си наплаќал по тендери и со одземена лиценца

Дејан Дејан

Два онколошки лека префрлени од болничка во примарна позитивна листа

Дејан Дејан

Дигитален упис во средно догодина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе