Спорт Тенис

Монфис го мина Федерер – стана најстариот освојувач на АТП титула (ВИДЕО)

Гаел Монфис го освои турнирот од серијата 250 во Окленд, Нов Зеланд и стана најстариот тенисер што освоил трофеј на АТП турата, која е формирана во 1990 година.

Французинот го победи Зизу Бергс од Белгија со 6-3 и 6-4 за да ја освои 13-тата титула во кариерата и прва уште од Стокхолм во 2023 година. Со 38 години, четири месеци и седум дена тој е најстариот освојувач на АТП титула во историјата и го мина рекордот на Роџер Федерер, кој беше еден месец помлад кога го освои турнирот во Базел во 2019 година.

Монфис воедно е и најстариот освојувач на титула од ова ниво по Кен Розвел, кој славел во Хонг Конг во 1977 година на 43-годишна возраст.

Утре стартува првиот сезонски грен слем турнир Австралија опен, а Монфис во првото коло за ривал го има својот сонародник Џовани Петши Перикар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе