Вести Временска прогноза

Сончево со умерена облачност и потопло – Временска прогноза за 22.8.2024

Сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19°C, а максималната од 28 до 35°C.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

9 Лазарополе, 11 Попова Шапка, Маврови Анови, 12 Крушево, 13 Претор, Битола, Охрид, 14 Прилеп, 15 Тетово, 16 Крива Паланка, Дебар, Берово, 17 Виница, 18 Штип, Демир Капија, Кавадарци, Велес, 19 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Куманово, 20 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

37 Крушево, 23 Кавадарци, 16 Битола, 14 Пожар, 12 Гевгелија, Охрид, 11 Штип, Виница, Претор, 10 Лазарополе, Берово, 8 Дебар, Струмица, 7 Прилеп, 4 Демир Капија, 3 Куманово, 2 Крива Паланка, Попова Шапка, 1 Тетово, Маврови Анови.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 24.0, Преспанско Езеро 22.5, Дојранско Езеро 26.0

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе