Спорт Фудбал

Меси само уште една сезона во дресот на Барселона?

Лионел Меси ги стопирал преговорите со Барселона за продолжување на договорот што му истекува на 30 јуни 2021 година.

Аргентинецот е разочаран од челниците на клубот и нивното раководење. Проблемите помеѓу Барселона и Меси започнаа уште во јануари, кога беше отпуштен тренерот Ернесто Валверде, а капитенот влезе во отворена војна со спортскиот директор Ерик Абидал, кој ги критикуваше фудбалерите за лошите резултати.

Работите не се подобрија ниту со Кике Сетиен на клупата, па откако Барселона го загуби водството на табелата во Ла Лига, шпанските медиуми шпекулираат дека Меси и останатите постари играчи во тимот не се задоволни од стручниот штаб. Тука е и трансферот на Артур во Јувентус, кој предизвикал дополнителна нервоза во соблекувалната.

Сите овие работи покажуваат дека идната сезона можеби ќе му биде последна на Меси во дресот на Барселона, клуб во кој игра од своите 14 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе