Вести Временска прогноза

Променливо облачно, на повеќе места нестабилно – Временска прогноза за 19.8.2024

Променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21°C, а максималната од 29 до 36°C.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 6.

Агропрогноза:

Изминатава седмица имавме многу високи температури. Овие температури се загрозувачки за сите земјоделски култури кои предизвикаа интензивна евапотранспирација и поизразено губење на почвената влага. Повеќето од културите, како што се овошките, се наоѓат во фаза на берба. Некои сорти на винова лоза се во фаза на зреење, и недостигот на вода може директно да влијае на синтезата на шеќер, ароматичните и други материи. Градинарските култури се во интезивен раст и берба, и имаат неопходна потреба за вода. Секоја култура во својот развој има потреба од вода, и секој недостиг на вода во овие фази силно се одразува на приносот. Затоа, се препорачува земјоделските производители да ги користат сите можни капацитети за наводнување на културите. Од денес и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Поради топлото време, да се почитуваат препораките за работа на отворено и сите активности кои се итни да се извршуваат рано наутро или приквечер.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

13 Лазарополе, 15 Берово, 16 Маврови Анови, 17 Битола, Попова Шапка, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, 19 Крушево, Прилеп, Струмица, 21 Скопје-Петровец, Штип, Виница, 22 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци Гевгелија, Куманово, Велес, 23 Демир Капија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

5 Лазарополе, 3 Битола, 1 Штип.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 25.0, Преспанско Езеро 23.5, Дојранско Езеро 27.2

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе