Вести Македонија Топ вести

Случајот „Софтвери“ против поранешниот генсек Рашковски на повторно судење

Случајот „Софтвери“ за кој поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски беше осуден на 8 години затвор се враќа на повторно судење во Кривичниот суд, соопшти денеска Апелациoниот суд. Одлуката била донесена  на нејавна седница на 11 јули, а се должи пред се на измените на Кривичниот законик и притоа отфрлена е жалбата на обвинителството.

„Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со која се побива првостепената пресуда во овој дел поради одлуката за кривичната санкција, судот ја оценил како беспредметна во оваа фаза на постапката“, се наведува во соопштението на Апелациониот суд. 

За делото злоупотреба на службената положба Рашковски беше осуден на седум години затвор, а за делото перење пари, една година и шест месеци затвор. Случајот се однесуваше на набавката на два софтвери и исплата на хонорари. Првиот софтвер беше за сообраќајни прекршоци и биометриска идентификација, кои никој не ги користел, а Генералниот секретаријат со кој управуваше Рашковски ги набавил иако немал надлежност за тоа.

Дополнително, тендерите или  биле наместени или немало тендер, а била фаворизирана фирмата „Инвока груп“. Вториот дел од пресудата се однесуваше на тоа дека Рашковски склучувал авторски договори со физички лица што не ги извршувале работните обврски.

Осудени во случајот беа и професорот Ивица Димитровски, носител на проекти на „ФИНКИ“, надворешниот соработник на владата, Игор Христов, потоа Даниел Станчев од „Инвока груп“, како и Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска, надворешни соработници на владата.

Марија Митевска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Узунов: Секој буџет е нереален во декември кога се носи, на средина на годината мораме да имаме ребаланс

Sasko Dimovski

Митевски: Капиталните и сите други расходи кои не се трансфери и плати ќе бидат опфатени со ребалансот на буџетот

Sasko Dimovski

Ѓорѓиоски и Сејдини одобриле и потпишале 728 налози, се сомничат за финансиски криминал во ФФМ од близу три милиони евра – во шемата и раководителката на Одделението за финансии

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе