Вести Економија Свет

Нафтата поскапува по пријавениот пад на залихите во САД

Цените на нафтата денеска продолжија да растат во азиската трговија, откако најновите податоци покажаа пад на залихите во САД, што ги зголеми надежите за солидна побарувачка во пресрет на летната туристичка сезона.

Северноморските фјучерси на Брент, кои се репер на европскиот пазар, додадоа 16 центи, или 0,2 отсто, на 85,60 долари за барел.

Американската лесна сурова нафта (WTI) поскапе за 14 центи, или 0,2 отсто, на 82,95 долари за барел.

Двете сорти ја завршија вчерашната трговија со пониска цена, бидејќи заканата од ураганот Берил се повлече.

Залихите на сурова нафта во САД паднаа за 9,163 милиони барели во последната недела од јуни, покажуваат податоците на Американскиот институт за нафта објавени вчера.

Сепак, залихите на бензин се зголемија за 2,468 милиони барели.

Аналитичарите  очекуваат пад од 700.000 барели сурова нафта и 1,3 милиони барели бензин.

Во текот на денешниот ден ќе бидат објавени и податоци од Агенцијата за енергетика на САД.

Побарувачката за бензин во САД се очекува да се зголеми како што се приближува летната туристичка сезона, при што Американската автомобилска асоцијација предвидува зголемување на туристичките патувања од 5,2 отсто од 2023 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе