Вести Економија Најважни

Мандатарот Мицкоски ќе го истражува криминалот во енергетиката кој бил направен во минатото

Најава за нови инвестиции, но и истраги. Мандатарот Мицкоски очекува кога ќе се формира новата Влада првата инвестиција во земјава да биде токму во енергетиката – ветерна фарма во источниот дел на земјава. Но, најави и истрага за тоа што се правело во минатото во овој сектор. Рече дека криминал имало и тоа мора да престане, но нагласи и дека нема да се повторува во иднина.

Лично ќе се фокусирам на тоа, бидејќи треба да запреме со овој процес на грабеж на земјата ако сакаме оваа земја да се развива. Да се откријат сите тие шпекулации, да се откријат криминални дејства од минатото. Во минатото имало доста шпекулации во енергетскиот сектор, криминални злоупотреби, увоз по двојни цени и така натаму. различни работи. Ова е нешто што нема да се повтори во иднина, рече мицкоски.

И на овој енергетски форум фокусот беше енергетската транзиција, но повторно се зборуваше и за намалување на ззвиноста од Русија. Според, Мискоски голема улога во енергетската независност има поврзувањето на земјава со соседите, со Србија и Грција.

Со завршувањето на грчко-македонскиот интерконектор и амбасадорката Агелер смета дека целосно ќе се елиминира зависноста од Русија.

Овој извор на гас ќе ги елиминира прво зависноста од Русија, како и заканите за одредени прекини на снабдување со гас, рече амбасадорката агелер.

Дел од познавачите пак се сигурни дека ниту една земја во регионот нема да може лесно да го заобиколи снабдувањето со енергенси од Руската Федерација.

Нема да може лесно ниту една земја во регионот да го запостави, како да кажам, и тој правец  на снабдување. Но, диверзификацијата на снабдувањето е предуслов за натамошниот енергетски суверенитет, рече Душан Живковиќ, в.д генерален директор на Електростопанство на Србија.

Цената на струјата  берзите во моментов е стабилна, но енергетичарите не веруваат дека ќе се намалува. Падови и скокови ќе има, но не очекуваат дека ќе достигне до ниво како за време на кризата кога цената за мегават во некои денови достигна и до 800 евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

„Алчноста ни ги уби децата“ – Нов марш за правда за жртвите во пожарот во Кочани. Семејствата незадоволни од истрагата

Дејан Дејан

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе