Вести Економија Македонија Најважни

Што е „карта-шанса“ за барање работа во Германија за Македонците и останатите жители на балканските држави- правило кое важи од денеска

Од денеска жители на Македонија ќе може многу полесно да одат во Германија и да бараат работа на неопределено време. Новите правила на германската федерална влада, освен на работници од Македонија, овозможуваат и на жители на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора,  Албанија и од Косово да го користат новото правило наречено „карта-шанса“.

Германија во борба за привлекување на квалификувана работна сила од посиромашните европски држави ја зголеми односно ја дуплираше квотата за работници на неопределено време од западниот Балкан и сега таа квота изнесува 50.000 вработувања.

Втората промена е таканаречената „карта-шанса“ со која на граѓаните на Македонија и останатите држави надвор од ЕУ им се дава можност да влезат во Германија и без потврда дека веќе имаат вработување односно договор со некоја германска компанија.

Правилото се однесува на оние кои имаат најмалку две години стручна обука или факултетска диплома која е признаена во државата каде таа квалификација е стекната. За македонските граѓани тоа значи дека може да одат во Германија доколку имаат диплома и квалификација која е признаена и во Македонија, но и во Германија.

Дополнителен услов е определен степен на знаење на германски или англиски јазик. Кога „карта-шанса“ ќе му се одобри на некој работник тогаш тој има право да живее во Германија и во рок од една година да бара и да најде работа. Доколку не го исполни условот и не најде работа тогаш му завршува престојот и важењето на „карта-шансата.

Германските власти соопштија дека овие правила се воведени поради намалување на бирократијата и скратување на процедурата, а се дел од закон кој има за цел Германија да стане привлечна за квалификувани кадри кои и се потребни на најголемата европска економија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хезболах со порака: Не сме неутрални, стоиме зад Иран

Дејан Дејан

Завршни зборови на обвинетите за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Две недели за дипломатија – европски министри на разговори со Иран во Женева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе