Вести Економија

Земјоделците ја блокираа Струмица, протестираат против ниските откупни цени и слабиот пласман

По блокадите кај Иловица, Штука и Просениково, земјоделците ги затворија централните улици на Струмица. Два часа земјоделската механизација стоеше на главната раскрсница а земјоделците порачаа дека ако не се преземат мерки ќе ги радикализираат протестите.

Ниски откупни цени, слаб пласман и високи производствени трошоци, велат, ќе ги обесхрабрат и малкуте прозиводители што останаа во регионот.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, вели дека ќе почнат интензивни преговори со откупувачите за надминување на проблемите.

Земјоделците велат дека треба да се регулира и увозот на зеленчук од Албанија, бидејќи тоа дополнително ја намалува цената на домашното прооизводство.

Сузана Мицева

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе