Вести Економија Македонија

Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Од полноќ се намалува само малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,072 ден/кг и сега ќе изнесува 42,935 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)

-моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)

-дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

-масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

-мазут М-1 НС 42,935 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17 мај 2024 година. Оттаму додаваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе