Вести Економија Македонија

Македонците потрошија 573 милиони евра во 2023 година на Интернет пазарењето

Купување на облека и мебел, до набавка на секојдневни домашни производи на интернет стана модерното секојдневие во кое живееме. Несомнено Корона вирусот однесе и донесе нови трендови, а еден од нив е ваквиот начин на пазарење.

Македонците се едни од водечките купувачи онлајн во Западен Балкан, со најмногу пари потрошени во Холандија, со износ од 27 милиони евра, додека во Луксембург е направена најниската просечна трансакција. Лани Македонците најмногу купувале производи од  Холандија, Обединето Кралство и Унгарија. Во овие држави инкасирале  77 милиони евра.

Ова го покажуваат податоците на Анализата изработена од Агенцијата за е-трговија на Македонија, објавена од страна на Народната Банка.

Според доставените податоци, Македонците најмногу електронски трансакции имаат извршено за одмори и патувања, а тоа ги покажуваат вкупните потрошени средства во Грција од 81,6 отсто.

Дека македонските граѓани се повеќе пазарат преку интернет  покажува и податокот во кои стои дека во 2023 година, тие за вакви трансакции платиле 25 отсто повеќе во споредба со претходната година.

Несомнено интернетот не насочи кон менување на навиките и воспоставување на поинаков начин на живот. Купувањето онлајн овозможи на дланка да ни бидат достапни сите производи, дотолку што со еден клик и едно пишување на податоци од платежната картичка, производите да стигнат до нашата домашна адреса.

Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе