Вести Македонија Топ вести

Каде ќе се прегласува на парламентарните избори – ДИК одлучува за приговорите

Приговорите за парламентарните избори ги скараа членовите на ДИК. Со кавги и обвинувања и во тензична атмосфера – вака тече денешната седница.

27 приговори поднесени од страна на партиите кои се тркаа на парламентарните избори се на маса. Комисијата ги разгледува поединечно.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, која беше предложена за составот на Комисијата од страна на Демократската унија за интеграција, побара да се отфрлат приговорите поднесени од страна на Коалицијата „Вреди“ за шестата Изборна единица, како и приговорите поднесени од Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, за Изборната единица број 5.

Според потпретседателката Дитмире Шеху, станува збор за нерегуларно поднесени приговори.

„Барам да ми кажат од правната служба и да дојдат од архива лицата коишто ги поднесоа приговорите, односно дали се уредно поднесени или не“ кажа потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.

 

„Да бидеме сериозни и одговорни и да не манипулираме со терминологијата! Во нашето Упатство се вели „кој ги поднесува“ приговорите. Поднесувањето не е носење на шалтер физички“, реплицираше членот на ДИК, Борис Кондарко.

 

„Јас нема да дозволувам навреди, повреди и потценување од член на ДИК, без разлика дали сум жена или сум од друга националност“ одговори потпретседателката Шеху.

Кратко по ова, едногласно беше уважен првиот приговор кој го разгледуваа членовите, поднесен од коалицијата „Вреди“, за едно гласачко место со број 2101 во с. Ларце, Желино.

По отворање на избирачкиот материјал, комисијата констатираше дека имало едно гласачко ливче повеќе, односно има несовпаѓање на бројот на потпишани гласачи во избирачкиот список, со гласачките ливчиња во кутијата.

Комисијата го уважи приговорот и гласањето ќе се повтори во конкретното гласачко место.

Доколку се прифатат некои од приговорите и се прегласува на одредени избирачки места, тоа може да донесе промени во распоредот на мандатите, како во Изборната единица 5, така и во „шестката“.

Социјалдемократите поднеле пет приговори, за места кои се дел од ИЕ5. Коалицијата „Вреди“ поднеле десет приговори, за избирачки места кои се дел од Изборната единица број 6. ВМРО-ДПМНЕ има поднесено осум приговори за „петката“, и Левица има поднесено четири приговори.

За ДУИ, приговорите се обид за „изборен инженеринг“, а за тоа ги обвинија членовите на ДИК предложени од двете најголеми македонски партии, како и коалицијата „Вреди“.

„Констатираме дека политичките чинители, првенствено македонските политички чинители во координација со „Влен“ настојуваат по секоја цена да влијаат во Државната изборна комисија за од Европскиот фронт да се одземат еден до два мандати, со една единствена цел – Европскиот фронт да не биде втората политичка сила во Македонија која е реалност, согласно изборните резултати од 8 мај“, изјави Скендер Реџепи – Зејд, од коалицијата „Европски фронт“.

Главната битка се бие во Изборната единица број 5, каде што 109 гласови натежнаа на страната на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Според бројот на гласови, а пресметано со Донтовата формула, таму интегративците добија четворица пратеници од листата, а СДСМ тројца.

Последниот мандат во Изборната единица 5, го доби Исмаил Јахоски од Пласница, кој е член на ДУИ и е основач на компанијата Пуцко Петрол.

Доколку коалицијата на СДСМ го добиеше мандатот, 4-ти на листата е Боби Мојсоски од ЛДП.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството го оформи предметот по бурните реакции за токсичната прашина од РЕК Битола

Дејан Дејан

Поради израелската блокада во Појасот Газа нема вакцини против детска парализа

Дејан Дејан

По велигденското примирје Русија за едно деноноќие фрли 130 бомби и 77 дронови врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе