Вести Економија Македонија Топ вести

МЖ Транспорт повторно со најголема загуба, во минус се и Државна лотарија, Пошта, но и медиуми

Најголемиот загубар денеска слави роденден. Македонски железници одбележува 151 година од своето постоење, но со лоши резулати. Прептијатието  минатата година ја заврши со долг од над 65 милиони евра, а според најновиот извештај на Министерството за финансии,четвртиот квартал лани ја завршиле со загуба од над 8 милион евра.

Ова претпријатие со години се бори со финансиски проблеми и постојано од  буџетот се прави дотур на пари,  за да можат да платат сметки и да поделат плати.

Поранешниот премиер Заев, зборуваше и за приватизација на ова претпријатие.

На новиот список на финансии со загуба е и МЖ Инфраструктура и тоа од 1 , 5 милиони евра, Пошти со над 470 илјади евра.

Интересно е што на листата може да се види дека во минус се и  Државна лотарија, но и меидуми, односно ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје  и новинската агенција МИА.

Иако, претходно државната ЕСМ беше со најголема загуба од акционерските друштва и јавните претпријатија, сега компанијата може да се пофали со добри резултати.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе