Спорт Фудбал

ФОТО галерија: ПАОК го декласираше Динамо за пласман во четвртфиналето од КЛ

Фудбалерите на ПАОК во реваншот од осминафиналето во Конференциската лига го совладаа загрепски Динамо со 5:1 и го продолжи настапот во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Во тимот на хрватскиот шампион од двајцата наши интернационалци настапи само Стефан Ристовски додека Аријан Адеми не е пријавен за мечевите во Конференциската лига.

Динамо не успеа да ја одбрани предноста од 2:0 по првиот меч, а ПАОК ја анулираше уште во првото полувреме кога со головите Баба, Сучиќ кој ја погоди сопствената мрежа и Брендон имаше водство од 3:0.

Во 49. минута Хоџа намали на 3:1, а потоа следуваа погодоците на Кулеракис и Живковиќ од пенал за триумф од 5:1.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе