Спорт Фудбал

Македонија договори контрола со Хрватска

Македонската фудбалска репрезентација на 3. јуни 2024. ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека. „Коцкестите“ ќе се подготвуваат за настап на Европското првенство во Германија, па нашиот тим ќе биде еден од спаринг партнерите во пресрет на турнирот.

Македонија последен пат се соочи со Хрватска на 12.октомври 2012 година во Скопје, кога гостите слаеа со 1-2 во рамки на квалификациите за Светското првенство во 2014 година. На досегашните осум  дуели против Хрватска, Македонија има една победа, два нерешенни резултати и пет порази.

Селекторот Благоја Милевски изрази задоволство што Македонија ќе одигра пријателски натпревар со една репрезентација од светскиот фудбалски врв како што е Хрватска.

Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари“, изјави селекторот Благоја Милевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе