Наутро со услови за слаба магла во котлините, а преку ден променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен, во западните делови и вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје наутро со услови за појава на магла и променлива облачност која ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 3°C, а максималната од 7 до 14°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-5 Берово, -3 Битола, Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица, Тетово, -1 Велес, Кавадарци, Попова Шапка, Виница, 0 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Претор, Крушево, Куманово, Гевгелија, 1 Охрид, 2 Дојран.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)
35 Маврови Анови, 20 Крушево, 14 Попова Шапка.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 9.5, Преспанско Езеро 6.5, Дојранско Езеро 7.4
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
