Кошарка Спорт

Победнички кам-бек на Морант во тимот на Мемфис по суспензијата од 25 натпревари (ВИДЕО)

Џа Морант се врати во составот на Мемфис по 25 натпревари суспензија и му донесе победа на гостувањето кај Њу Орлеанс од 115-113. Ѕвездата на Гризлис постигна 34 поени на својот прв натпревар сезонава меѓу кои и решавачките за триумф со звукот на сирената. Џарен Џексон имаше 24 поени, а кај Пеликанс со 34 поени најдобар беше Брендон Инграм.

Голден Стејт го совлада Бостон со 132-126 по едно продолжение. Стеф Кари имаше 33 поени за Вориорс, додека кај Селтикс најдобар беше Дерик Вајт со 30 поени.

Милвоки со 132-119 го победи Сан Антонио. Демијан Лилард имаше највисоки сезонава 40 поени, а Јанис Адетокумпо оствари трипл-дабл со 11 поени, 14 скока и 16 асистенции.

Портланд се врати од негатива од 22 поени за да го победи Феникс со 109-104. Ниту 40-те поени на Кевин Дурент не беа доволни за Санс, кои го запишаа петтиот пораз на последните седум натпревари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе