Кошарка Спорт

Нов трипл-дабл на Дончиќ во триумфот над Портланд, Оклахома во последната секунда го победи Денвер (ВИДЕО)

Далас го совлада Портланд со 131-120 на гостински паркет со петтиот трипл-дабл на Лука Дончиќ сезонава. Словенецот запиша 40 поени, 12 скока и 10 асистенции, а имаше голема подршка и од Тим Хардавеј Јуниор со 25 поени.

Шаи Гилгеус-Александер погоди на една секунда до крајот и ѝ донесе победа на Оклахома во Денвер од 118-117. Џејлен Вилијамс имаше 24 поени за гостите, додека Никола Јокиќ за Нагетс запиша 24 поени и 12 асистенции.

Милвоки му го нанесе 23-тиот пораз по ред на Детроит со 146-114. Демијан Лилард имаше 33 поени, а Боби Портис постигна 31 за Бакс, кај Пистонс кои се приближуваат до рекордните 26 порази по ред најмногу се истакнаа Кејд Канингем со 25 и Бојан Богдановиќ со 24 поени.

ЛА Клиперс ја запишаа седмата победа по ред откако го освладаа Њујорк со 144-122, а Голден Стејт беше подобар од Бруклин со 124-120.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Филаделфија 82-135
Кливленд – Атланта 127-119
Мајами – Чикаго 118-116
Минесота – Индијана 127-109
Сакраменто – Јута 125-104

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе