Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот, претежно во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег.
Во Скопје променливо облачно, попладне облачноста ќе се зголеми, а преку денот ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 0°C, а максималната од 4 до 12°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-10 Попова Шапка, -6 Крушево, Маврови Анови, -3 Охрид, Претор, Дебар, -1 Струмица, Берово, 0 Крива Паланка, Тетово, Битола, Прилеп, Виница, Штип, 1 Куманово, Гевгелија 2 Демир Капија, Скопје-Петровец, Кавадарци, 3 Велес.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)
6 Берово, 5 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
