Вести Македонија

Од условни пресуди до привремена мерка за семејно насилство – името на Палевски низ судскиот портал

Името на Љупчо Палевски се појавува во повеќе од 10-тина пресуди објавени на судскиот портал. Претежно граѓански но и по некоја кривична.

Во 2013  добил првостепена условна осуда за злоупотреба на службената положба а во 2020 Кривичен условно го осуди за измама на скопјанец со кого склучил договор за продажба на стан во 1998 и иако оштетениот платил  53 илјади германски марки стан не добил. Без исход остана и приведувањето во СЈО но и други случаи со кои се поврзуваше Палевски.

Тоа што осомничен за убиството на 14- годишната вања ѓорчевска е човек кој и е познат на јавноста како сторител на кривични дела, а кој не издржувал затворска казна говори за систем кој го овозможува тоа, смета Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Името на Палевски се појавува и како вршител на семејно насилство. Решение на скопска апелација  од 2017, ја потврдува привремената мерка против него, чија цел е заштита на член на семејството кој трпел психичко и физичко насилство. Палевски ја нападнал жрвата со погрдни зборови и боксови од кои добила видливи хематоми и модринки потврдени со медицинска документација, може да се прочита во одлуката објавена на судскиот портал.

Медиумите во 2009-та објавија дека Врховниот суд ги потврдил сомневањата на Антикорупциската комисија дека незаконски се исплатени над милион евра отштета на фирмата „УПА Ентерпрајс” на Палевски за уривање на потпокривите на два објекта во Дебар маало кои според највисокиот биле дивоградби.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе