Спорт Формула 1

Сарџент, Перез, Саинц со најголеми трошоци за тимовите

По завршувањето на сезоната во формула 1 шампионатот објавена е листата на возачи кои предизвикале најголеми штети на болидите што претставува дополнителен трошок за секој тим.

На првото место на оваа листа со штета од 4,333 милиони долари е Логан Сарџент од Вилијамс, а веднаш зад него со 3,644 е возачот на Ферари, Карлос Саинц.

На третото место со сума од 3,224 милиони долари е Серхио Перез од Ред Бул додека нешто под три милиони долари на четвртата позиција е Естебан Окон.

На петтата позиција се наоѓа Ленс Строл од Астон Мартин и тој на тимот чиј сопственик е неговиот татко му направил дополнителен трошок од 2,834 милиони.

Убедливо последен на листата е новиот светски првак Макс Ферстапен со сума од 345.000 долари, а под еден милион имаат уште Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас и Џорџ Расел.

  1. Логан Сарџент – 4 333 000
  2. Карлос Саинц – 3 644 000
  3. Серхио Перез – 3 224 000
  4. Естебан Окон – 2 999 000
  5. Ленс Строл – 2 834 000
  6. Алекс Албон – 2 786 000
  7. Кевин Магнусен – 2 576 000
  8. Пјеер Гасли – 2 426 000
  9. Оскар Пјастри – 2 271 000
  10. Шарл Леклер – 1 914 000
  11. Нико Хулкенберг – 1 557 000
  12. Ник де Фрис/Даниел Рикардo/Лиам Лоусон – 1 522 000
  13. Ландо Норис – 1 452 000
  14. Јуки Цунода – 1 255 000
  15. Гуанг Жоу – 1 207 000
  16. Луис Хамилтон – 880 000
  17. Фернандо Алонсо – 830 000
  18. Валтери Ботас – 700 000
  19. Џорџ Расел – 670 000
  20. Макс Ферстапен – 345 000
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе