Вести Временска прогноза

Променливо облачно, наутро со магла, преку ден со сонце – Временска прогноза за 30.11.2023

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 2°C, а максималната од 5 до 12°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-1 Попова Шапка, 1 Тетово, Берово, Маврови Анови, Лазарополе, 2 Струмица, Гевгелија, 3 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Демир Капија, Крушево, Куманово, 4 Прилеп, Штип, Велес, 5 Битола, Виница, Дебар, Кавадарци, 6 Претор, Дојран, 7 Охрид.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)

35 Попова Шапка, 9 Ѓуриште, 7 Крушево, 3 Маврови Анови.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

44 Маврови Анови, 37 Лазарополе, 35 Тетово, 34 Крушево, 30 Дебар, 24 Охрид, 21 Попова Шапка, 18 Ѓуриште, 16 Претор, 13 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 12 Берово, 10 Крива Паланка, Битола, Велес, 7 Скопје-Петровец, Виница, Куманово, 6 Штип, 5 Кавадарци, 2 Струмица, Гевгелија, 1 Демир Капија.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 12.0, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 7.8

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илјадници демонстранти од цела Италија маршираа против миграцијата – некои со дигнати раце во фашистичкиот поздрав и извици „Дуче! Дуче!“

Дејан Дејан

Mоторциклисти возат без шлемови, а често и под дејство на алкохол

Дејан Дејан

Се очекува електронското потпишување на примирјето меѓу САД и Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе