Вести Економија

Земјоделците незадоволни од владината одлука да се намали царината за зеленчук и овошје

Новата Владина мерка за намалување на царинските давачки за увоз на зеленчук и овошје наиде на критики од страна на земјоделците од Националната мрежа на земјоделци. Сметаат дека граѓаните ќе купуваат поевтини земјоделски производи од соседните земји, но со лош и сомнителен квалитет.

Од оваа мрежа на земјоделци сметаат дека ова ќе предизвика и намалување на производството на домашен зеленчук и ориз. Каракашев забележува дека со  увозот на зеленчук и млеко со сомнително потекло кои ги имаше во изминатите неколку месеци им дава за право да се сомневаат во она што ќе се увезува.

Увозните давачки од 65 се намалени на 10% за оризот, брокулата, карфиолот, морковите, тиквичките и кромидот. Од крајот на декември до крајот на февруари намалена ќе биде царината  за доматите, пиперките и краставиците.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе