Вести Економија

Нивите во Полог остануваат празни, младите бегаат во странство, земјоделците велат не се исплати маката

Сѐ помалку населението во полошко се занимава со земјоделие. Нивите нема кој да ги обработува, затоа што младите заминуваат во странство барајќи подобар живот. На пазарите се претежно повозрасните жители, кои раскажуваат дека луѓето дури и се радуваат ако продадат земјоделска површина, каде што треба да поминува Коридорот 8.

Земјоделците велат дека државата треба да посвети многу внимание на земјоделието. Тие се жалат дека препаратите и семето се скапи, домашниот род е сѐ помал и имаат загуби.

Една година ќе заработиш добро, десет години не, како ќе живееш? Минатата година засадив 25 тони тикви, оваа година немам 4 – 5 тони.  Семето е скапо. За домат едно семе (за 500 парчиња) е 65 евра, а дали ќе излезе толку? Не излегува. Еве 10 години сејам домат, земаш 3.000 излегува 1.000, реагираат тие.

Понудата пазарите е помала за разлика од претходните години и претежно се продаваат увозни производи. Цените се високи, а куповната моќ на граѓаните е многу намалена.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе