Вести Македонија Топ вести

Дрисла ќе плати висока казна за загадување на Маркова Река

Случајот за згадувањето на Маркова Река се префрла на Суд. Денеска генералниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање до судот во Скопје за поведување на постапка, за санкционирање на јавното претпријатие Дрисла. Постапката се покренува за загадување на животната средина. Ова следува откако загрижени граѓани пријавија дека во Маркова Река тече црно-кафена течност. Државниот инспекторат за животна средина при увидот утврдиле дека има обојување на реката и земале мостри кои потврдиле дека дел од исцедокот од депонијата завршил во речните води.

  • Тоа е исцедокот што се создава од самата депонија, тој е со кафеана боја. Параметрите што се дадени за реки од втора категорија како што е реката во којашто е испуштено има надминување на граничните вредности поради тоа ќе се поведе соодветна постапка, вели Сретен Стојковски, директор на Државниот Инспекторат за животна средина.

Од Дрисла за Телма конкретно не одговорија на нашите прашања. Избегнаа одговори со ставот дека се уште не знаат дали и каква казна ќе има.

Жителите на Батинци пред неколку недели се жалеа дека поради депонијата тие немаат чист воздух, а тоа директно се рефлектира врз нивното здравје.

ЈП Дрисла сега ќе треба да плати глоба од 120 илјади евра за загадување откако го испушти рокот кога до петокот имаше можност со спогодба да плати за 50 отсто помала казна.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе