Спорт Тенис

Медведев го преслуша Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ

Данил Медведев ќе игра во големото финале на Ју-Ес Опен против Новак Ѓоковиќ откако го елиминираше актуелниот бранител на трофејот Карлос Алкараз.

Рускиот тенисер потсети на своите најдобри моменти откако утринава доминантно го надигра младиот Шпанец. Медведев славеше со 7-6, 6-1, 3-6 и 6-3 и закажа реприза со Ѓоковиќ од финалето во 2021 година. Тогаш Русинот успеа да го победи Ѓоковиќ, кој пак сега ќе има шанса за реванш.

Србинот во три сета го елиминираше младиот Американец и миленик на публиката во Њујорк, Бен Шелтон. Ѓоковиќ победи со 6-3, 6-2 и 7-6 и стигна до своето 10-то финале на Флашинг Медоуз. Интересно е тоа што Србинот ја продолжи низата победи против американски тенисери на 31 меч. Последен пат загуби од Американец од Сем Квери на Вимблдон во 2016 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе