Вести Македонија Најважни

По сторијата на Телма дека дете со ретка болест е испишано од прва година, разрешени  сите членовите на училишниот одбор во Техничкото училиште во Битола

Битолскиот Совет  на денешната седница ги разреши  сите  членовите на училишниот одбор во Техничкото училиште во Битола и назначи нови, по сторијата на Телма дека дете со ретка болест  е испишано од прва година во насоката техничар за моторни возила. Предлогот за разрешување на училишниот одбор е  на  опозициската СДСМ со поддршка на советниците на Левица и Поинаку. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.

  • Согласно законот, статутот и деловникот најмалку што можеме да направиме е да ги разрешиме членовите на училиштниот одбор кои што ништо не презеле, едносавно се премолчувале, рече Бореч Корлевски советник од СДСМ.

Советниците  побараа градоначалникот да ја разреши  и директорката на Техничкото училиште, поради повеќе скандали во изминатиот период.

  • Наместо ова училиште да биде пример за лицата од ранлива категорија кои се школуваат овде, тие вршат нивна дикриминација. Повторно бараме градоначалникот да ја разреши Жанета Сервини од функција директор, рече Горан Велевски, советник од Левица

Од детската амбасада Меѓаши денеска побараа надлежните институции да постапат согласно своите ингеренции, а од ДПИ потврдија дека анонимната претставка, испратена до медиумите,  стигнала и до нив и веќе е издаден налог за надзор во училиштетот. Раководтсвото на Техничкото училиште ги демантираше  наводите од анонимната писмо  и рекоа   дека мајката била повикана за да ја информираат за начинот на изведување на наставата за да биде заштитено нејзиното дете кое е од   ранлива категорија. Тврдат дека по  разговорот таа  одлучила да ги подигне документите за што потпишала и изјава.  Мајката на детето со ретка болест кое е испишано од Техничкото училиште не сака да го коментира случајот.

Емилија Мисирлиевски

Советници во битолскиот Совет бараат разрешување на училишниот одбор по случајот на детето со џуџест раст во техничкото училиште

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе