Вести Економија Македонија

Градежници кои оштетиле кабли при работа го прекинаа телефонскиот сообраќај, соопшти Телеком откако мрежата е во колапс

Оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни, се причина за техничките проблеми поради кои корисниците на услугите на Македонски Телеком од изутрината се соочуваат со прекини на интерент сообраќајот и мобилните и фиксните телефонски линии.

– Во моментов се соочуваме со технички пречки, поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни. Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите, се наведува во кусото известување на Телеком објавено на нивната фејсбук страница.

Проблемот е од утрово, кога мобилната телефонија не функционира и вртењето преку мобилен телефон главно не се реализира. Има и случаи кога ќе се воспостави врска, но корисниците не може да се слушнат меѓу себе. Функционираат интернет апликациите за комуникација како WhatsApp и Viber.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе