Вести Економија

Нафтените деривати од полноќ поскапуваат за 1,5 денар

Нафтените деривати од вечерва на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според оваа одлука, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 86,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 88,50, а дизелот ќе се продава по цена од 81 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 80,50 денари. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 денари за килограм во однос на претходно утврдената цена и од полноќ овој енергенс ќе чини 46,592 денари за килограм.

Новата одлука за зголемување на цените, од РКЕ ја оправдаа со зголемувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 25.6.2026

meteo

ЕУ со напредок кон воведувањето на дигиталното евро

Дејан Дејан

Црвен аларм за екстремна топлина во В. Британија – затворени училишта редуциран возни линии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе