Вести Економија

Расте домашниот промет во индустријата, но се намалува кај странските пазари

Прометот во индустријата во јуни оваа година е помал за 7 отсто споредено со месец мај и 0,3 отсто споредено со истиот период лани покажува анализата на Државниот завод за статистика. Ако се споредат параметрите за првото полугодие од оваа со оние од минатата година, зглоемувањето на прометот е речиси пет отсто односно 1,5 отсто кај домашниот и речиси шест отсто кај станскиот пазар.

Според главните индустриски групи,кога се споредуваат јуни годинава со оној од лани најголемо зголемување од 17,7 отсто има кај нетрајни производи за широка потрошувачка додека намален промет има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.4 %, Капитални производи за 1.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %.

Анализата на ДЗС покажува дека прометот во индустријата на домашниот пазар е во константен пораст годинава

Индексот на прометот во индустријата но само на домашниот пазар, во јуни 2023 година е за речиси 4 отсто повисок од мај и 2,1 отсто повисок од јуни  минатата година а тоа најмногу се должи на порастот од 14,8 отсто кај Капиталните прпизводи. Дијаметрално спротивна е сликата кај трајните производи за широка потрошувачка каде прометот на домашниот пазар е намален за 16.2 отсто.

Кога станува збор за прометот во индустријата на странските пазари е во јуни има речиси 10 отсто помалку од мај и незначителчни 0,9 отсто споредено со јуни минатата година. Сепак клучно е што во првото полугодие споредено со она минатата година има пораст од 5,9 оптсто.

Гледано во детали најголем е порастот во прометот кај нетрајни производи за шѓирока потроѓшувачка кој изнесува дури 23,7 отсто а најголем пад има кај Интермедијарните  производи за 15,7 отсто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе