Вести Економија Најважни

Иселени и кражби – причина за 50 илјади домаќинства да не добијат евтина струја

Секогаш кога се воведува евтина дневна струја или се укинува, при прилагодување на броилата се јавува проблем кај над 50 илјади струјомери.  Ова го покажуваат аналзиите на ЕВН.

Од таму за Телма објаснуваат дека од вкупно 800 илјади броила, кај 6 до 7 отсто се соочуваат со проблем при нивното сетирање.

Станува збор за струјомери кои се во сопственост на лица кои се иселени и истите се затворени или кои пружаат отпор и не овозможуваат пристап до нив, па дури и во услови  кога треба да се воведе дневна евтина тарифа на струјата, со образложение дека  тука е поголем  мотивот да се  вршат кражби на електрична енергија.

Надлежните веќе најавија дека дневната евтина тарифа ќе се воведе на први декември, иако се очекуваше тоа да се случли сега за време на летниот перид. Но, со овие бројки се отвара прашањето за колку време сите домаќинства ќе можат да ја користат. Според податоците од вкупно 800 илјади само 170 се дигитални, останатите над 600 илјади струјомери ќе треба рачно да се подесуваат.

Од ЕВН претходно  објаснија дека до први декември тие можат да ги прилагодат само дигиталните броила. За останатите кои треба да се прилагодуваат рачно, ќе треба да стапи на сила новиот тарифен систем, а тоа ќе биде на први декември.

Претходно не можат да преземат ништо затоа што би било против законски. Од компанијата тогаш посочија и дека и досега кога се носеле вакви одлуки  од било која влада бил потребен период на адаптација,  затоа што физички е невозможно во еден ден кај сите да се направи промена.

Со ова е се поизвесно дека на први декемрви евтина струја ќе имаат само 170 домаќинства кои имаат дигитални струјомери, но промената кај оние другите кога ќе заврши и кога ќе добијат евтина струја,  ќе зависи од тоа дали и  какви проблеми ќе настанат при нивното  прилагодување.

Планот е дневната евитна тарифа да биде во перидоот од 13 до 15 часот. Ваквата поволност беше укината пред повеќе до една година како споелдица на енергетскаат криза. Од први јули граѓаните добија и нова цена на струјата во сите четиир блока,  но и повисоко ДДВ.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе