Спорт Тенис

Ѓорческа поразена во третото коло од турнирот во Летонија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во следната фаза од ИТФ турнирот во Лиепаја што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Таа во дуелот против Франческа Курми од Малта и покрај водството од 1:0 по првиот сет на крајот беше совладана со 2:1.

Ѓорческа првиот сет го реши во своја полза со 6:1 и кога се очекуваше дека во продолжението на мечот ќе стигне до убедлив триумф, Курми со 6:4 во вториот сет успеа да израмни на 1:1.

Во третиот решавачки сет Малтежанката поведе со 4:0, но Ѓорческа направи пресврт и стигна до предност од 5:4 и имаше три меч топки.

За жал во продолжението Курми направи серија од три гема за конечен триумф во меч што траеше 2 часа и осум минути.

Сепак Ѓорческа и натаму останува дел од турнирот во Лиепаја откако во игра на двојки успеа да се пласира во четвртфиналето каде заедно со Турчинката, Чагла Бујукакчај ќе се сретне со првите носителки, Џеси Ромплес од Полска и Австралијанката, Оливија Тјандамулија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе