Претпладне променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град. Побилни врнежи ќе има во северните делови од земјата.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на повремен дожд, а од пладневните часови со повремен дожд и појава на грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
8 Попова Шапка, Лазарополе, 11 Крива Паланка, Маврови Анови, Крушево, 12 Берово, Прилеп, 13 Претор, Дебар, 14 Охрид, Куманово, 15 Скопје-Петровец, Виница, Штип, Битола, 16 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица, Велес, Демир Капија, Кавадарци, Дојран, 18 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
29 Тополчани, 17 Битола, 15 Ѓуриште, 14 Струмица, 13 Дебар, Попова Шапка, 8 Крива Паланка, 7 Берово, 5 Претор, Виница, Крушево, 3 Тетово, Куманово, 2 Маврови Анови, Охрид, 1 Демир Капија, Кавадарци, Скопје – Петровец.
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
