Вести Временска прогноза

Претпладне со умерена облачност, од пладне нестабилно – Временска прогноза за 27.5.2023

Претпладне со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15°C, а максималната од 20 до 27°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

5 Лазарополе, 7 Берово, Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Охрид, Битола, Претор, Крушево, 10 Прилеп, Крива Паланка, Тетово, 11 Скопје-Петровец, Дебар, Виница, 12 Куманово, Штип, Струмица, 13 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 15 Дојран, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

14 Скопје Петровец, 10 Битола, 6 Тополчани, 4 Прилеп, Пожаране, Крушево, 1 Скопје Зајчев Рид, Штип, Ѓуриште, Гевгелија. Маврови Анови, Претор, Демир Капија, Берово, Дебар, Виница, Попова Шапка.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со повремен локален дожд – Временска прогноза за 17.5.2025

Дејан Дејан

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе