Вести Економија Топ вести

ЕСМ купува струја од фирма на Кочо Анѓушев

Државните електрани со нови набавки на струја. За периодот од 12 април до денеска за набавка на електирчна енергија компанијата ќе потроши  над 1,3 милиони евра.

Струјата се набавува од три компании, но овој пат во извештајот има промена во имињата на фирмите кои ќе ја испорачаат. На листата се најде и фирмата РЕС на познатиот бизнисмен и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев.

Од оваа фирма ЕСМ набавува 1.680 мегават часови по цена од 114 евра за мегават час. Вкупно РЕС од оваа испорака ќе заработи над 190.000 евра.

Останатите потребни количини ги обезбедува и фирмата „Соле 24“ и од ЕТМТ, компанија која и во изминатиот период беше една меѓу главните од каде ЕСМ набавуваше струја за целосно да ги задоволи потребите.

Од „Соле 24“ се купуваат 4.200 мегават часови по цена од 109 евра за мегават, а од ЕТМТ се набавуваат најмногу количини – 5,880 мегават часови. Електричната енергија од оваа компанија чини најмногу, 118 евра за мегават.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе