Спорт Формула 1

Ферстапен на пол-позицијата во Австралија, Мерцедес ја враќа формата

Макс Ферстапен беше најбрз во квалификациите за трката за Големата награда на Австралија што се одржаа утринава во Мелбурн на патеката „Алберт Парк“. Мерцедес покажа добра форма, но Ферари очигледно е далеку од борбата за победа.

Актуелниот светски шампион оствари време од 1:16,732 минути за да ја освои пол-позицијата. Зад возачот на Ред Бул ќе стартуваат двата Мерцедеси, бидејќи Џорџ Расел имаше второ најдобро време во квалификациите, а потоа следува Луис Хамилтон. Четвртото место е резервирано за Фернандо Алонсо од Астон Мартин, а зад него е сонародникот Карлос Сајнц од Ферари. Помеѓу најдобрите десет се и Ленс Строл, Шарл Леклер, Александер Албон, Пјер Гасли и Нико Хулкенберг.

Серхио Перез од Ред Бул ќе стартува од последното место откако денеска излета од патеката уште во првата квалификациска сесија предизвикана од механички проблем со болидот.

Трката за Големата награда на Австралија е закажана за утре наутро во 7 часот по средноевропско време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе