Вести Македонија Најважни

Борел и Вархеји во Скопје – средби со државниот врв

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Скопје ги пречека и имаше средба со високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

На состанокот е разговарано за важноста од следниот исчекор на Македонија во европските интеграции, како прашање од значење за перспективите на нашата држава и за стабилноста на регионот и на Европа.

Владата , како што нагласи премиерот Ковачевски, е фокусирана на европската агенда, работи на имплементацијата на реформите, на унапредувањето на соседските односи во духот на европските вредности и е посветена на успех и во следниот исчекор во евроинтеграциите.

Средбата на премиерот со европските преставници се реализираше пред почетокот на Шеснаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу  Македонија и Европската Унија, што ќе се одржи денеска во Скопје, на којшто претседавач ќе биде претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а ко-претседавач од страната на Европската Унија, високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Борел, а ќе присуствува и комесарот за соседска политика и проширување, Вархеји.

Македонија е добар пример за мултиетничко општество и со промена на Уставот дополнително ќе се унапредат основните права во земјата и истовремено ќе се зачуваат македонскиот идентитет и земјата ќе напредува во процесот на пристапување во ЕУ.

-Членството во ЕУ не може да биде проект на една политичка партија, туку тоа треба да биде аспирација за целата земја. Во Северна Македонија, граѓаните ја изразија својата аспирација за влез во ЕУ, бидејќи сакаат да припаѓаат на заедница на вредности и да имаат корист од отворените граници, олеснетото патување, внатрешниот пазар и стандардите на ЕУ во целина. Накусо, граѓаните сакаат мир, просперитет и подобар живот во ЕУ, за нив и за нивните деца. Затоа одговорност на сите ваши политички лидери е да работат и да ја реализираат оваа цел, изјави претходно Борел.

Тој нагласува дека преговорите за членство во ЕУ се процес заснован на заслуги и дека при тоа се оценува постигнатиот напредок во исполнувањето на сите поставени критериуми и спроведувањето на стандардите на ЕУ и реформите.

Во исто време и претставници на ЕУ од Брисел, порачаа дека уставните измени се во наши раце и дека тие се суверена одлука на земјава, но Унијата смета дека  Македонија има голем потенцијал да оди напред, за што е потребно да се направат одредени чекори, потенцирајќи дека невозможното секогаш станува возможно кога ќе се постават големи услови и кога ќе се увиди важноста на одредено прашање во поглед на стабилноста и напредокот. Според нив, патот е јасен и отворен, земјава не смее да ја пропушти таа можност.

Престојот во земјава, Борел го продолжува и утре во Охрид, каде ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, посветен на нормализација не меѓусебните односи. Во Охрид е најавено присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албан Курти, чиј домаќин ќе биде премиерот Димитар Ковачевски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе