Вести Економија

Бектеши очекува сите да ја почитуваат одлуката на владата

Од утре стапува на сила владината одлука за замрзнување на маржите на млечните производи и тестенините,  после која владата очекува намалување на цените на млечните производи за најмалку 10 проценти, а на тестенините за најмалку 15 проценти. Во вечерашната Топ Тема на Телма, министерот за економија Крешник Бектеши изрази увереност дека сите ќе ги почитуваат одлуката, и нема да има проблеми како при ограничувањето на цената на лебот.

Ние не очекуваме да има недостаток на производи, иако имаме други механизми кои можеме веднаш да ги донесеме како влада, како што направивме со замрзнувањето на цената на лебот. Јас очекувам сите да ја почитуваат одлуката на владата, затоа што сите мерки се донесени согласно детални анализи каде што имаме инпут од општествено одговорни компании, рече Бектеши.

Бектеши инсиситира дека ниту една компанија нема да работи со загуби и убеден е дека прозиводителите нема да го намалат прозиводството, на тој начин креирајќи недостаток.

Ниедна компанија нема да има загуби со ваквите одлуки, имајќи во предвид дека таму е даден, и дозволен процент на профитна маржа, што значи дека не се укинува одлуката за утврдување на маржите, тоа што продолжува да важи, само паралерлно со тоа се замрзнуваат цените, рече Бектеши.

Исто така беше дециден и дека владата ќе излезе со дополнитлени мерки ако се прави притисок врз земјоделците да ги намалат своите продажни цени.

Генерално истите продажни цени ќе бидат додека трае оваа одлука, јас сум убеден дека ќе ги намалат профгитните маржи за да не се оштетат земјоделците. Ако видиме дека има притисок врз земјоделците, тогаш ќе следат нови одлуки. Земјоделците нема да бидат оштетени, како што нема да бидат ошетени ниту трговците и производителите. Ќе немаат одредени планинани профити со проценти кои се спротивни на претходната одлука за замрнување на профитни маржи, рече Бектеши.

Бектеши беше дециден дека сите одлуки се донесени врз основа на детални анализи и фидбек од стопанските комори.

Јас сум сигурен дека тоа ќе се прочитува и применува, како што се применуваше за лебот, имавме проблеми еден два – дена, но секако дека сите ги прават своите интерни пресметки, има надлежни институции кои прават контроли врз тие пресметки и ние не ги носиме одлуките на памет, туку согласно тие проценки. Сите цени на суровини се паднати, на електрична енергија се паднати, само има зголемнување од 12 посто на минималната плата, и 10,9 проценти просечно во делот на платите, друго се е намалено ако правиме споредба со тоа кога ги зголемија цените на крајот на октомври, тврди Бектеши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Димитриеска-Кочоска: Буџетскиот дефицит ќе се зголеми но за прв пат поради капитални инвестиции

Дејан Дејан

Протест во Студеничани – стоп за камионите кои натоварени со руда го оштетија локалниот пат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе