Вести Македонија

Котели во „Топ тема“: Онаму каде што имаше леб, кој е опфатен со одлуката на владата, се продаваше по 33 денари, но зошто нема леб ние не сме надлежни да утврдиме

Само денеска, до овој момент се извршени 189 надзори на територијата на цела република, што не е мала бројка, и утврдена е фактичка состојба дека цената на лебот што е опфатен по одлуката на Владата е 33 денари онаму каде што го има, рече Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Граѓаните од страна на Државниот пазарен инспекторат се максимално заштитени, а ова го напоменувам затоа што кај некои трговци е констатирано дека на рафтовите нема леб кој е опфатен со одлуката, бел и полубел, цел и сечен леб на парчиња. Но, причината зошто го нема лебот, прво ние не сме надлежни да утврдиме зошто. Второ, дали е зголемена побарувачката од граѓаните кои што денеска очигледно можеби масовно излегоа за да го купат, можеби од стравување дека и повеќе ќе го нема или дека има недоволна снабденост од производителите“, вели Котели.

Владата пред неколку дена донесе одлука за замрзнување на цената на белиот о полубелиот леб, цел и сечен на парчиња, на 33 денари. Таквата мерка што стапи на сила од ноќеска и наиде на револт на производителите на леб кои се заканија дека нема да го произведуваат и дистрибуираат во маркетите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе