Вести Свет Спорт Тенис Топ вести

Надал во аут од Австралија Опен – победен во второто коло од 65-от играч

Сензација, но и голем шок утринава на тенискиот турнир Австралија Опен. Шампионот Рафаел Надал ја заврши одбраната на титулата на првиот Грен Слем во сезоната, откако беше поразен во второто коло од Американецот Мекензи Мекдоналд, кој на АТП листата е на 65-то место.

Триесет и шестгодишниот Шпанец изгуби со 6:4, 6:3, 7:5  откако уште во вториот сет почна да се жали на проблеми со колкот и потоа побара и медицински тајм-аут. Ова е неговата најрана елиминација од гренд слем турнирите од 2016 година, кога изгуби во првото коло на Австралијан опен.

Тој пристигна во Мелбурн откако ги загуби своите само два сингл меча во сезоната и никогаш не изгледаше целосно добро пред болката во колкот против Мекдоналд.

По овој пораз, сопругата на Надал излезе со насолзени очи, а неговиот тим за поддршка исто така  емотивно реагираше. Откако го дочека натпреварот до крајот, тој ја напушти Род Лејвер Арената со овации од публиката.

Надал пристигна во Мелбурн по шест порази на последните седум одиграни меча и со дополнителни прашања за неговата иднина. Ова е последниот во долгата серија здравствени проблеми за Надал, кој призна дека лани победил на Ролан Гарос играјќи без чувство во левото стапало, зашто морал да зема силни инјекции против болки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдивите, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе