Вести Економија

Хајредини во Топ Тема: Илузија е дека имаме забрзан економски раст

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини смета дека е илузија и утопија тврдењето на сегашниот министер за финансии Фатмир Бесими дека сега во Македонија има економски раст. Во вечерашната Топ Тема, Хајредини вели дека сега е мигот кога треба да се бориме да не ни се намали постојното призводство, на што укажа и Светската Банка.

  • А не да се предивидува забрзан економски раст во наредните години. Тоа ќе постои кога ќе има извори на финансирање на тој економски раст, од надвор или внатре, но тоа не постои, вели Хајредини, кој прашува на што точно мисли Бесими кој вели дека ќе има даночни реформи, затоа што како што вели Хајредини тоа не значи ништо, бидејќи приходите на буџетот го сочинуваат ддв, акцизите, царината и данок на добивка и персонален данок, а според Хајредини, актуелниот министер за финансии Бесими не кажува што точно ќе реформира.

На крај ќе треба да ја зголеми каматната стапка, и всушност поголем товар ќе има врз бизнисот, заклучува Хајредини.

  • Како држава сме соочени со тешка ситуација, а реаланата состојба владата не ја кажув, не знам од кои причини, и не е точно дека владата дала најенергичен одговор во однос на енергетската и економската криза. Владата не го доживува ова што го бара бизнисот, вели Хајредини.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе