Вести Култура

„Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ го отвораат 54. издание на Мајските оперски вечери“

Со премиера на оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини под диригентство на Џанлука Мартиненги од Италија, на 9 мај во Националната опера и балет свечено ќе се отвори 54. издание на Мајските оперски вечери.

„Секоја од претставите на програмата носи различна емоција и заедно создаваат едно целосно искуство што посакуваме публиката да го памети. „Мајките оперски вечери“ се и огледало на институцијата, кое покажува колку сме подготвени да работиме посветено, да поставуваме стандарди и да создаваме продукција што може достоинствено да стои рамо до рамо со европските сцени“, изјави Оливер Арсовски, директор на Национална опера и балет. 

Двете оперски претстави се во режија на Пјер Франческо Маестрини од Италија. Во рамки на годинашното издание на фестивалот ќе бидат изведени и оперите „Риголето“, „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, балетот „Лебедово езеро“, „Травијата“ и „Набуко“. Фестивалскиот оган на отворањето ќе го запали првенката на Операта, Ана Дурловски.

„Внимателно избраниот репертоар, кој ги обединува безвременските дела на Верди и Пучини со нови продукциски пристапи, покажува дека традицијата и современоста може да одат рака под рака. Присуството на врвни уметници од меѓународната сцена, заедно со нашиот извонреден ансамбл, создава продукција што не е само национална, туку европска по својот квалитет“, рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе